Предавања и изложби по повод Светскиот ден на археологијата

Од:

По повод одбележување на светскиот ден на археологијата, Институтот за археолошки истражувања – Скопје ќе огранизира настан во НУ Археолошки музеј на Македонија, каде што ќе има серија предавања од различни теми од археологијата, презентација на аеро снимки од неколку археолошки локалитети, фотографии од изминатите изданиjа на изложбата и размена на идеи и искуства.
Денот на Археологијата е годишен настан кој последниве 7 години се празнува низ целиот
свет. Проектот треба да обезбеди прозорец во секојдневниот живот на археолозите. Целта е
што повеќе археолози кои работат, студираат или волонтираат било каде во светот да
учествуваат во одбележувањето на „Денот на археологијата” и со скромен придонес снимајќи
го нивниот ден или преку споделување текстови, слики или видеа, да го покажат широкиот
спектар на работа што луѓето од нашата професија го прават ден за ден низ целиот свет.
Овој настан во Македонија се одбележуваше од 2012 до 2014 година, организирани беа
настани преку кој за прв пат нашата земја зема учество во одбележувањето на Светскиот ден
на археологијата. Археолозите во Македонија се здружија заедно да го прослават овој ден со
изработка на документарни филмови, фото изложба, јавни презентаци, писма, интервјуа,
слики, видеа од еден типичен ден на археолошки локалитет и слично, се’ со цел да ја
популаризираме и презентираме македонската археологија и да ја кренеме јавната свест за
важноста на археологијата и за заштитата на културното наследство што го имаме.
Оваа година по кратка пауза Денот на Археологијата повторно ќе се празнува на 28 Јули со
почеток во 12 часот.
Mанифестација е финансирана од Националната програма за култура за 2017 година на
Министерството за Култура, а е поддржана од НУ Археолошки музеј на Македонија.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска