Со серија предавања на различни теми од археологијата, презентација на документарни филмови, фотографии, размена на идеи и искуства денеска во НУ Музеј на Македонија Здружението Археологика ќе го одбележи Светскиот ден на археологијата – 25 Јули.
– Проектот треба да обезбеди прозорец во секојдневниот живот на археолозите. Целта е што повеќе археолози кои работат, студираат или волонтираат каде било во светот да учествуваат во одбележувањето на овој ден и со скромен придонес снимајќи го нивниот ден, споделувајќи текстови, слики или видеа, да го покажат широкиот спектар на работа што луѓето од нашата професија го прават ден за ден низ целиот свет, велат од Здружението.
Целодневниот настан ќе се одвива во кино салата на Музејот на Македонија каде што ќе одвиваат предавањата, ќе се проектираат документарни филмови, фотографии, а ќе заврши со забава на платото пред Музејот.
Со овој мал придонес од македонските археолози, преку соработката со “British Council for Archaeology” македонската археологија ќе биде презентирана и афирмирана низ целиот свет, велта од „Археологика“.