Пред кривопаланчани изложба на слики и цртежи од Андријана Мациев

Од:

Во галерискиот простор во НУ Центар за култура во Крива Паланка, денеска беше отворена изложба на слики и цртежи од ликовниот уметник Андријана Мациев.

На изложбата се претставени дваесетина сликарски дела работени во два циклуси “Живот во бои” и “Живот во бои 2”, во кои автроката го прикажува својот препознатлив и специфичен стил на ликовното доживување на бојата.

– За себе честопати можам да кажам дека го живеам “животот во боја”, затоа и моите дела изобилуваат со бои, колоритетот е и мојот личен белег, форми кои ги гледам како едно ново раѓање, нов живот, експресија, а во истовреме емотивната сосотојба, но и благодедтта на животот. Јас сум голем вљубеник во природата, ги сакам животните и секогаш ја гледам убавта страна на животот, а кога човек е духовно исполнет може со леснотија да твори и создава убави нешта, изјави пред присутните авторката Андријана.

Андријана Мациев спаѓа во помладата генерација на ликовни уметници, која има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во одделот графика, во класата на професор Димитар Малиданов.

Зад себе има самостојни и групни изложби, колонии, ликовни манифестации, арт хепенинзи како во нашата земја така и надвор од неа. Како слободумна, храбра и независна млада жена, таа секојдневно и неуморно твори, пренесувајќи ја својата ведра природа на платната, кои се наративни, со доза на мистичност и надреална симболика.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска