Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, во предвечерието на 8-ми септември Денот на независноста на Република Македонија, по 22 пат организира ликовна изложба со најдобрите дела од меѓународната ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“.
Изложбата на младите ликовни амбасадори од светот, учесници на годинешниот фестивал „Мал битолски Монмартр“ ќе биде отворена во 18 часот на платото пред националната галерија во старата битолска чаршија, потврди Коста Хаџи Антоновски, раководител на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.