Во Атничкиот театар во Охрид утревечер по повод големиот верски празник „Свети Климент“ (летен), целовечерен концерт ќе одржи групата „Љубојна“, еден од нашите најпопуларни состави што го негуваат македонскиот мелос.
Концертот, најавен како спектакл со многу музичари и гости на сцена, на кој ќе биде промовиран и најновиот албум на „Љубојна“, го организира градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, со бесплатен влез за сите заинтересирани.
На спектаклот што ќе почне од 22 часот, публиката ќе може да ужива во познатите песни меѓу кои и „Твојте очи Лено“, „Мори чупи костурчанки“, „Крена Мартината“,…
Меѓу гостите на концертот ќе биде и младиот струмичанец Џамбо Агушев, кој ја носи тутулата „прва труба на светот“.