Повик за учество на уметници во проект за илустрации за родова еднаквост

Од:

Граѓанската организација Тиииит! Инк. објавува повик за уметници, илустраторки и дизајнерки за FIERCE WOMEN WOW друштвена игра со карти.

Проектот Жени за жени (Women on Women) што Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. го имплементира заедно со партнерите Prostor rodne i medijske kulture K-zona од Хрватска, Mesto Žensk од Словенија и Outlandish Theatre Platform од Ирска, има за цел да даде видливост на значајните и инспиративни жени кои нашето општество го менувале на подобро. Во 2018 година партнерите од Хрватска, развија иновативна игра со карти Fierce Women која ги запознава нејзините играчи со достигнувањата на жените во сферите на културата, политиката, науката, феминизмот, човековите права и уметноста. Ова е забавен, едукативен и општествено ангажиран производ кој ја нуди можноста да го отвори прашањето за родовата еднаквост во нашите општествени кругови.

Во рамките на овој проект, во план е изработка на дополнителен шпил со 30 нови значајни, или како што ги нарекуваат нашите партнери од Хрватска, “страшни“ жени, од Хрватска, Словенија, Ирска и Северна Македонија. Вкупно седум жени од ова поднебје се наоѓаат во селекцијата и тоа Роса Плавева, Накие Бајрам, Лилјана Дирјан, Вера Весковиќ Вангели, Искра Грабул, Мимоза Несторова Томиќ и Рајна Алексова за кои едвај чекаме да видиме интересни илустрации кои ќе ги претстават нивните ликови и достигнувања.

Апликант(к)ите треба да изберат од една до три од листата на триесетте избрани жени, од кои не се бара завршена илустрација, туку доволно е само скица. За таа цел објавен е повик отворен за уметници, илустратор(к)и и дизајнер(к) од цела Европа. Ги повикуваме креативците од нашата земја да се пријават најдоцна до среда, 24 јуни 2020. Оние автор(к)и чии илустрации ќе бидат избрани да бидат дел од овој шпил, ќе добијат награда од 160 евра (бруто) по илустрација и нивното уметничко дело како дел на овој шпил ќе биде промовирано преку различни канали на проектните партнери како социјални мрежи, фестивали и други настани. Исто така победничките и победниците ќе добијат шпил од Fierce Women WOW картите и еден од оригиналниот шпил Fierce Women.

Повеќе информации за правилата и можностите кој ги нуди овој повик, можете да најдете на веб страницата на Тиииит! Инк. (tiiiitinc.com).

Проектот Жени за жени (Women on Women) и Fierce Women WoW картите се поддржани од програмата Креативна Европа на Европска Комисија.

Би можело да ве интересира

Вкупно 33 апликации на конкурсите за млад и зрел уметник што ги објави Националната галерија на Македонија

Ана Ололовска

Работилници за мозаик со уметникот Никола Упевче отворени во Охрид

Ана Ололовска

Детска ликовна работилница на отворено во Куманово

Ана Ололовска

Перформанс „Зошто“ на Спасе Перовски во Младинскиот парк во Велес

Ана Ололовска

Уметничката галерија во Тетово со повик до уметниците кои сакаат да изложуваат во 2012 година

А1он

Во тек конкурсот за наградата „Антево перо“

А1он