Повик за учество на ликовни уметници на групна изложба „Несовршен простор“

Од:

До први септември е отворен повикот на Здружението за култура „Транзен“ за учество на ликовни уметници на групната изложба „Несовршен простор“ на која ќе биде награден еден сликар и откупено едно ликовно дело.

– Целта на проектот е да ги мотивира и промовира активните сликари кои создаваат автентично творештво во време кога сликарството се истиснува на маргините од сцената, од вакуумот на новите медиуми и услови на брзо и евтино продуцирање визуелни производи. Основната цел е да се награди сликарот кој во своето ателје посветено создава едно сликарско дело, циклус или сликарски концепт, пркосејќи му на брзиот начин на модерното постоење, изјави Никола Пијанманов, академски сликар и проектен менаџер на „Транзен“.

Техниката на сликите е слободна и по избор на авторот, темата и изразот се авторски и слободни, а форматот на делата се ограничува до 100 сантиметри на 80 сантиметри.

Според организаторите, изложбата, која ќе се одржи во октомври 2017 година, ќе биде селективна и курирана од стручна комисија, како и наградената слика.

Апликациите ќе се примаат најдоцна до 1 септември 2017 година. Во приложените конкурсни материјали, покрај квалитетна фотографија од делото, со наслов, димензии, техника и краток концепт, треба да биде доставена и биографија и веб (или фб, инстаграм) страница од творештвото на авторот. Селектираните дела ќе бидат позајмени за реализација на изложбата и потоа вратени кај уметниците.

Откупната награда е во рамки на проектот „Струмица креативен град“ финансиски поддржан од програмата Г1 на општина Струмица. Наградата изнесува 30.000 денари и „Златен лист“ (симболична креација од месинг.) Откупеното дело останува во сопственост на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски