Повик за предлог-концепти за 16. „Бела ноќ“

Од:

ЈУ Универзална сала и Град Скопје распишаа јавен повик за доставување предлог-концепти од областа на сите видови уметност за 16-тата манифестација „Бела ноќ“ која ќе се одржи на 26 септември.

Како и во изминатите изданија, и годинава ќе бидат опфатени областите: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм и јавна уметност – урбани изведби и перформанси.

Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, а главни критериуми се квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

-Предлог-концептите треба да бидат адаптирани за на отворено и да бидат во согласност со мерките за заштита од пандемијата предизвикана од КОВИД-19, наведуваат организаторите.

Заинтересираните за учество треба да достават апликација заедно со кратка биографија, опис на проектот и учесници и финансиска конструкција на проектот.

Апликациите треба да бидат пратени најдоцна до 15 септември на адресата: ЈУ Универзална сала Скопје, со назнака: „За Бела ноќ 2020“, бул. „Партизански одреди“ бр.45 1000 Скопје или на мејлот: [email protected]

Би можело да ве интересира

Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ вечерва на десет локации во Скопје

Жарко Настоски

Бела ноќ по 16-ти пат в сабота на 10 локации

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ вечер на 15 локации во Скопје

Ана Ололовска

В сабота 15. „Бела ноќ“ во Скопје

Ана Ололовска