На 4-ти Април 2013 г. со почеток во 20 часот на сцената на Театарот „Џинот“ во Велес премиерно ќе биде изведена претставата „Послениот балкански вампир“ од Дејан Дуковски во режија на Александар Ивановски. Ова е прва премиера од годинешната програма на Театарот, чија главна тема е манипулацијата со луѓето и информациите.
Клучниот проблем е односот помеѓу индивидуата и општеството, помеѓу единката и системот. Каде е денес вистината? На кој извор на информации би требало да му веруваме? Кој денес го контролира и насочува знаењето? Последниот балкански вампир се обидува да си го сочува и одбрани достоинството како човек, како индивидуа, како свесно суштество исправено спроти репресивниот механизам.
Во претставата настапуваат Маја Љутков, Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Самоил Стојановски, Кица Ивковска, Славица Мансакова и Весна Димитровска Бобевски. Сценографијата е на Дејан Трипуновкси, а костимите на Александра Крнинова Груев.