„Последната лента на Крап“ и МНТ во Бечеј, Србија

Од:

Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба, режија и продукција на актерот Ѓорѓи Јолевски, на 14 октомври ќе учествува на 10. Бечејски фестивал на монодрамата Би:фемон (Be:femon), во Бечеј, Србија.

Како што се најавува во фестивалската програма ќе учествуваат седум одлични монодрами од Србија, Унгарија, Хрватска и од Северна Македонија, а програмата ќе трае од 12 до 15 октомври.

„Последната лента на Крап“ во изминатиот период учествуваше и во офф-програмата на 19. ИФАД „Стоби“, гостувањето на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Хрватска.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани