„Посланието на Александар Македонски до Словените“ поместено во „Чешката хроника“ од 1541

Од:

Фамозното средновековно „послание на Александар Македонски до Словените“ е пронајдено и во „Чешката хроника“ на познатиот чешки просветител Вацлав Хаек од 1541 година, пишува порталот „Суене“.

Се работи за напис за кој, со извесни варијации, отстапувања и измени, повеќе хроничари од словенските средновековни земји велат дека е препис на тестаментот на Александар Македонски – „покорувачот на кралствата персиски, грчки, сириски и вавилонски“.

Според порталот, има повеќе верзии на текстот, кој се наоѓа во повеќе средновековни извори. Но, за сите нив е заедничко тоа што, македонските кралеви Александар и Филип му се обраќаат на својот „просветен венетски (словенски) народ“, оставајќи им ги во наследство „земјите помеѓу Јадранското Море и Северниот Океан“.

Ова писание е поместено и во книгите на дубровчанецот Мавро Орбин, Полјаците Марцин Бјелски, Бартош Папроцки и други словенски средновековни историчари.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи