Поетско-музичка вечер на роднокрајни автори во Гевгелија

Од:

Во Народниот театар во Гевгелија вечер ќе се одржи 16-тата поетско-музичката вечер на роднокрајни автори „За тебе љубов моја“.

Почетоците на манифестацијата се во далечната 1995 година по идеја на Ице Мурџев и Слободанка Дуева. Првата манифестација се одржа во ноќниот клуб на тогашниот хотел „Југо“ со наслов „Кога мажот пее за жената“. Во организацијата беа вклучени библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија и тогашната телевизија „Канал 12“ (сегашна ТВ НОВА 12).

Досега над 300 учесници поминале на оваа манифестација која за некои била и првиот чекор кон освојувањето на популарноста. Иван Раденов, групата „Зијан“, Васил Ангов, Јова Радевска, Бошко Бозаџиевски, Петар Стојанов, Анета Ристова, Наталија Данаилова и многу други, сега веќе познати во својата дејност, првите свои настапи ги имале на „За тебе љубов моја“.

Манифестацијата годинава е во организација на Тони Аврамов, Даниела Џишева и Ламбрина Лазаревска, а покровител е Општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ