Поетскиот караван на ДПМ во родното село на Гане Тодоровски

Од:

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска продолжува во селото Кожле, општина Петровец, во рамки на културно-научната манифестација „Ганеви денови“.

Во знак на чествување на големиот македонскиот поет и долгогодишен член на ДПМ, Гане Тодоровски, во селото Кожле, од каде што потекнува неговото семејство и каде што е неговиот вечен дом, ќе настапат истакнати македонски поети од повеќе генерации.

Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Иван Чаповски, Методија Фотев, Раде Силјан, Ресул Шабани, Веле Смилевски, Бранко Цветкоски, Трајче Кацаров, Гордана Михаилова Бошнакоска, Кочо Топузоски, Данило Коцевски, Братислав Ташковски, Сеида Бегановиќ, Јордан Плевнеш, Оливера Доцевска, Миле Јовановски Поречанец, Олга Панкина, Димо Димчев, Методија Тошевски, Мирче Нешовски, Горан Анчевски и Благој Самоников.

Договорено е средбата да има традиционален карактер и секоја година да се одржува во соработка меѓу ДПМ и Културно-научната манифестација „Ганеви денови“.

Караванот на ДПМ се организира во рамки на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ