Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска настапува во Македонски Брод, каде ќе учествува на 10. поречка културна манифестација „Потписи на срцето“.
Пред љубителите на литературата во Македонски Брод ќе настапат поети од различни генерации: Александар Поповски, Горан Анчевски, Славица Дабевска Кировска, Мито Спасевски, Јован Дамјановски, Викторија Силјановска, Миле Јовановски Поречанец, Сеида Бегановиќ, Бобан Богатиновски, Мирјана Тренчева, Александар Кујунџиски, Ленче Милошевска, Стојмир Симјановски, Стојан Тарапуза, Димо Димчев, Мирче Нешовски, Васо Николовски и Андрија Дојчиноски.
Во посебен дел од манифестацијата, со наслов „Минути на незаборав“, ќе им биде оддадена почит на Светлана Христова Јоциќ и Тодор Чаловски со кажување стихови од нивното творештво.
Покрај поетскиот настап, програмата ќе биде збогатена со музички и ликовен дел. Поетите ќе ги посетат културно-историските знаменитости на Македонски Брод, како и природниот феномен пештерата Пешна.