Поетска средба во чест на А. Ден Долард

Од:

КИЦ „Култура 365“, од Охрид, за 7 февруари, со почеток во 12.00 часот, организираа поетска средба на која ќе се претстават различни поети. До 31 јануари 2015 година, тие треба да достават три свои творби на електронска адреса: [email protected].

Средбата се организира по повод роденденот на големиот холандски писател и пријател на Македонија, А. Ден Долард (1901-1994). Тој е авторот на делото „Свадбата на седумте Цигани“ – една прекрасна љубовна приказна со посебно внимание за Охрид и за околината, која се оценува како првата препорака и врска помеѓу Македонија и Охрид со Холандија, крунисана подоцна и со збратимување на Охрид и на Катвајк, како и со многу мешани бракови.

Споменот кон А. Ден Долард во Охрид се негува соодветно на неговиот придонес, како прв афирматор во светот на убавините на градот. На шеталиштето, покрај самиот езерски брег, е подигнат споменик на прославениот писател, постои Музеј на Долард, основан од писателот Мишо Јузмески, а во сореаботка со Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, подигнат е и Холандски парк, како континуитет на некогашниот Парк на лалето.
Холанѓаните и денес, меѓу западните туристи, се најбројни посетители на Охрид.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ