Поетесата Сарџоска на Меѓународен фестивал во Џенова

Од:

Македонската поетеса Наташа Сарџоска учествуваше на Меѓународниот фестивал за поезија во Џенова, кој се одржа од 10 до 15 јуни годинава.

Сарџоска е втор поет, по Никола Маџиров, која гостува на овој прв и најстар поетски фестивал во Италија.

Нејзиното гостување во Италија беше одбележано со објавата на поетската книга „Кожа“ на италијански јазик. Досега на македонски јазик, Сарџоска ги објавила книгите „Сината соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“ и најновата „Жива вода“ објавена во 2017 година. Преводот на книгата „Кожа“ во Италија е прво вакво издание поддржано преку програмата на Европската унија „Креативна Европа“. Сарџоска гостуваше на фестивалот во рамки на платформата „Версополис“, исто така поддржана од Европската унија.

Наташа Сарџоска во Џенова одржала два поетски перформанса на сцената во Дуждовата палата пред меѓународна публика. Нејзиниот перформанс бил осмислен како спој на поезија, музика и сликарство. За време на нејзиното поетско читање, џез пејачката Шарлен Пуигиро од Париз пеела акапела џез композиции, а сликарот Козимо Фрецолини од Фиренца сликал со бои на грбот на Сарџоска.

Книгата „Кожа“ која е објавена на македонски, англиски и италијански јазик, ќе биде распределена во италијанските библиотеки.

Во моментов Сарџоска работи како истражувач во Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа во Риека.

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ