Поетесата Наида Мујкиќ на книжевна програма од ЈИЕ „Апсолутно модерен“

Од:

Поетесата Наида Мујкиќ од Босна и Херцеговина овој месец престојува во Скопје во рамки на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“.

Мујкиќ во својата поезија се занимава со различни аспекти на босанско-херцеговската култура, како процесите на културата на сеќавање, војната, положбата на хомосексуалците, влијанието на исламот и традициите на модерното босанско-херцеговско друштво итн. Односите кои ги воспоставува во своите текстови честопати ги одразуваат реалните односи во општеството, кои е важно да бидат препознаени и опишани.

Освен што пишува поезија, таа моментално работи на збирката кратки поетски раскази „Мали приказни“.

Книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“ е во организација на издавачката куќа Готен, а се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки.

Би можело да ве интересира

Објавена програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ