Поемата „Амбар“ ја доби наградата „Григор Прличев“

Од:

Поемата „Амбар“ поднесена под шифрата „Црно Зрно“ ја доби наградата „Григор Прличев“ за 2014 година. Одлуката ја донесе тричленото жири во состав Наташа Аврамовска претседател, и членовите Валентина Миронска Христовска и Владимир Мартиновски, а беше соопштена денеска на прес-конференција.

Претседателката Аврамовска појасни дека како доминантни теми од пристигнатите поеми се наметнуваат апокалиптичноста и љубовта, додека доминантниот модус на пеењето по однос на двете теми е реализиран во своевиден патос, во поткренатоста на пеењето за прекубата, судбата или светоста на љубовта.

– Имајќи ги предвид сите структурни елементи на епско-лирскиот жанр на поемата, најпосле, во најтесен избор комисијата одлучуваше во однос на две поеми. Поемата „Амбар“ и поемата „Иманинентност“ која едноставно идејно и тематски поставена ја воспева пронижаноста со универзалната космолошка љубов. При ова конечната сопоставеност на двете поеми во завршна фаза на промислувањето и избирањето, поемата „Амбар“ недвосмислено се наметна како победник во однос на бројните иманентни поетички одлики на поетското огласување во неа, потенцира претседателката Аврамовска образложувајќи го извештајот на комисијата за доделување на наградата.

Додаде дека од 15-те пристигнати поеми „Амбар“ е доследно изведена како целовито лирско-епско пеење за откорнатоста од домувањето и сакралноста во светот на историјата.

– Насловот на поемата е индексичен и во поглед на сугестивноста на поетските слики, по однос на што оваа поема недвосмислено се издвојува меѓу другите. Притоа, реализирана во строга метричка форма ракописот се издвојува и во поглед на опитноста, зрелоста и версификаторското умеење на поетот, истакна Аврамовска.

Ненад Гвозденовиќ од „Детска Радост“ кој се и организатори на наградата „Григор Прличев“ нагласи дека оваа година наградата се доделува по 22 пат и, како што кажа, најверојатно и последен конкурс за наградата во нивна организација.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот