Почнува третиот книжевен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Од:

Вечерва во Младински културен центар, во 20 часот, ќе започне третото издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“.

На свеченото отворање ќе бидат претставени писателите: Вида Огњеновиќ од Србија, добитник на наградата “Прозарт” што фестивалот ја доделува на истакнат автор од Балканот за авторски допринос кон развојот на книжевноста од Балканот; Полона Главан од Словенија; Ахмет Умит од Турција; Димитар Башевски од Македонија; Бен Блуши од Албанија и Алида Бремер од Хрватска. За Димитар Башевски ќе говори селекторот на македонскиот писател, проф. д-р Венко Андоновски. За писателите од странство ќе говорат уметничкиот директор на фестивалот, проф. д-р Александар Прокопиев, и членовите на уметничкиот совет проф. д-р Елизабета Шелева и проф. д-р Ермис Лафазановски.

По завршувањето на првата вечер посетителите ќе имаат можност да набават книги од повеќето автори со нивен потпис.

Од вторник ќе започне вториот литературен пазар во Македонија, кадешто десетина издавачи од Македонија ќе им претстават повеќе од триесетина наши писатели на членовите на втората „Скопје фелоушип програма“. Меѓу нив, е и претставничката од најголемата издавачка куќа на светот, Урсула Бергентал, главен и одговорен уредник во „бтб Рандом Хаус“. Во Македонија доаѓа и Силвиа Брунели од италијанската литературна агенција НАБУ, агентка која соработувала со тројца нобеловци и многу други познати имиња од светот на литературата.

Во Скопје доаѓа и Нермин Молаоглу, сопственик на литературната агенција „Калем“ од Турција, како и Мехмет Дермиташ, директор на најпознатиот литературен фестивал во Турција, „Танпинар“.

Организатор на интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан е издавачката куќа Икона. Директор на фестивалот е Дејан Трајкоски. Уметнички директор е Александар Прокопиев. Членови на Уметничкиот совет на фестивалот се Елизабета Шелева и Ермис Лафазановски. Селектор на македонскиот писател е Венко Андоновски. Продуцент на фестивалот е Николчо Мадешовски, директор на Икона.

Одборот за доделување на наградата “Прозарт“што фестивалот ја доделува на истакнат автор од Балканот за авторски продонес кон развојот на балканската книжевност е составен од: првиот лауреат на наградата “Прозарт“, српскиот писател Владислав Бајац, уметничкиот директор проф. д-р Александар Прокопиев, членовите на Уметничкиот совет на фестивалот проф. д-р Елизабета Шелева и проф. д-р Ермис Лафазановски, и директорот Дејан Трајкоски.

Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура, од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Град Скопје, Турски културен центар Јунус Емре, Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ