Почнува третата фаза од изработката на мастер планот за конзервација на Стоби

Од:

Во НУ Стоби заврши втората и ќе почне третата фаза од изработката на мастер планот за конзервација на Стоби. Третата фаза треба да заврши напролет по што, мастер планот ќе и биде презентиран на јавноста.

Како што изјави за МИА директорот на НУ Стоби, Спасе Перовски, мастер планот ќе значи платформа за грижа на културното наследство во археолошкиот локалитет наредните 10 години. Една деценија ќе може да се црпат содржините и да се имплементираат со цел заштита и конзервација на движното и недвижното културно наследство во Стоби.

Изработката на мастер планот е подржана со 100.000 американски долари грант од „Каплан“ – Американската филантропска фондација која финансира проекти од областа на културата во повеќе земји во светот и сега првпат во нашата земја.

-Во мастер планот се содржани сите елементи на конзервација, а во неговата изработка се вклучени повеќе странски експерти од областа на заштитата на културното наследство од Велика Британија, Италија, Бугарија и од нашата земја, рече Перовски.

Информира и дека во рамки на мастер планот се организираат обуки од областа на археологијата, конзервацијата и презентацијата на културното наследство. Вклулени се повеќе организации, меѓу кои и од Грција.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска