Почнува снимањето на филмот „Татко“

Од:

Во Приштина утре ќе биде снимена првата клапа на играниот филм „Татко“, режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото.

Филмот е германско-косовско-македонска копродукција. Одговорни за реализација на филмот се „Нико филм“ од Германија, „Круша продуксиони“ од Косово и „Скопје Филм Студио“ од Македонија за што е добиена финансиска поддршка од националните филмски фондови.

Една од улогите во филмот ќе ја толкува македонскиот актер Џевдет Јашари, а во екипата ќе бидат вклучени и авторот на шминка Мартин Павловски и дизајнерот на звук Игор Поповски.

Филмот ќе се снима на повеќе локации во Косово, Македонија и Германија. Во Македонија снимањето ќе се одвива во Охрид во првата половина на јули.

Филмот преку ликот на десетгодишното момче Нори, кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години од минатиот век. По прераната смрт на неговата мајка, Нори не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност покажува екстремна длабочина, што ја издигнува над приказната на еден бегалец или политичкиот контекст на Косово.

Режисерот Морина по потекло е од Косово, а веќе подолго време живее и работи во Германија.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Култниот филм со Ричард Гир ќе добие римејк, а познато е кој ќе го замени познатиот актер

Предраг Петровиќ

Обвиненијата за канибализам и силување ја уништија кариерата на познатиот актер

Предраг Петровиќ

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ