Почнува првиот „Киненова Филм Фест Скопје“

Од:

Со проекцијата на бугарскиот филм „Слава“ од 2016 година, во режија на Петар Валчанов и Кристина Грозева, вечер во кино Култура почнува првиот Меѓународен филмски фестивал „Киненова Филм Фест Скопје“, во чиј фокус е творештвото на филмски автори од целиот свет, кои се на почетокот на кариерата.

Фестивалот ќе се одржува до 9 октомври годинава  во Скопје на две локации, во кино Култура и Кинотека на Македонија.

Идејата за формирање на „Киненова 2016“ доаѓа од режисерот, сценарист и продуцент Небојша Јовановиќ, кој е и директор на фестивалот. Целта на фестивалот е да открие нови авторски имиња кои надоаѓаат во светот на филмот и да им даде јасна поддршка и поттик, но и простор каде тие ќе ги претставуваат и афирмираат нивните филмски дебитантски дела.

На „Киненова Филм Фест Скопје“ има две натпреварувачки програми: главна програма (официјална селекција) и официјална селекција на кратки филмови. Во главната програма на фестивалот,  освен „Слава“ ќе бидат прикажани и филмовите „Длабочини 2“, „Фаќање“, „Прекин“, „Два лоза“, „Бафало“, „Џонатан“… Во ревијалниот дел на фестивалот се предвидени Панорама на светски филм, Балкански преглед и Прв и последен филм на истакнат филмски автор, каде ќе бидат прикажани филмови од Корнелиу Порумбоју од Романија.

На фестивалот ќе бидат доделени неколку награди-награда за најдобар долгометражен филм, за најдобра режија, за најдобро сценарио. За нив ќе одлучи стручно жири составено од Разван Радулеску, Мира Фурлан, Галина Тонева, Мето Јовановски и Марио Мацарото. Тие ќе доделат и награда за најдобар краткометражен филм.

Публиката ќе додели награда за најдобар филм според публиката на фестивалот од Главната програма.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат филмска работилница и мастер клас.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ