Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица вечер ќе почне 55 издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија.
На колонијата учествуваат 15 уметници од Македонија, Бугарија, Русија, Косово, Србија, Романија и Турција.
Колонијата ќе трае до 10 август и во тој период се очекува учесниците да создадат нови дела со кои ќе го збогатат постојниот уметнички фонд, кој се состои од над 2.200 најразлични дела создадени од околу 800 уметници од цел свет.
Во рамките на почетокот на годинашнава ликовна колонија ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Ѓорги Божинов-Фаника, насловена како „Корени“.