Почнува меѓународната ликовна колонија „Скопје 2013“

Од:

Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Стоун Бриџ“,  денеска ќе почне 8. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2013“, а ќе се одржува до 21-ви август во хотелот „Стоун Бриџ“.

На колонијата ќе учествуваат академските ликовни уметници Христина Стојчевска, Љубица Мешкова Солак, Ирина Титиева, Мирјана Крстева Массетти и Димитар Солаковски, од Македонија, како и Карен Агамијан од Ерменија, Букурије Далладаку од Германија, Сара Ерика Марија Хедберг од Шведска, Симеон Панајотов од Бугарија и Зоран Чалија од Србија.

Градот Скопје ја поддржува колонијата, што годинава се одржува во хотелот „Стоун Бриџ“, сместен во Старата скопска чаршија којашто според својата местоположба и многуте културно-историски споменици претставува место каде што од минатото, па се до денес се вкрстосувале и поврзувале различни цивилизации и култури, место со богато културно наследство.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска