Почнува „Кривопаланечко културно лето 2019“

Од:

Со концерт на староградски песни на „Распеани паланчани“ насловен „Осоговска староградска вечер, што ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“ и со изложбата на фотографии од настапите на друштвото во изминатите години во Локалната установа „Градски музеј“, вечерва во Крива Паланка официјално ќе започне годинашното “Кривопаланечко културно лето”, што ќе трае до септември.

– И годинава следи богата програма сценски настапи, музички концерти, фестивали, фолклорни фестивали, ликовни изложби, ликовна колонија. Во дијапазонот настани се вметнати повеќе традиционални интернационални фестивали, како фолклорниот фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, познатиот рок- фестивал „Џојфест“, меѓународната ликовна колонија „Св.Ј оаким Осоговски” и други, како и нововостановениот Меѓународен детски фестивал „Паланачка тројка“. Секако, не изостануваат ниту еднодневни фестивали кои првпат ќе се одржат во градот, а ќе ја надополнат културната програма на градот, како „One love tour“, јубилејна изложба 30 години творештво на академскиот сликар од Крива Паланка, Роберт Цветковски и други, информира Службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2019“ ја организираат Општина Крива Паланка, Локалната установа „Градски музеј“ и Националната установа „Центар за култура Крива Паланка“, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Министерство за култура на Република Северна Македонија, како и останати поддржувачи, како рудници „Булмак- Минстрој“.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ