Почнува КРИК – Фестивалот за критичка култура

Од:

Со проекција на документарниот германски филм „Аустерлиц“ на Сергеј Лозница, вечер, во Кинотеката на Македонија, почнува Фестивалот за критичка култура – КРИК.

Првото издание на Фестивалот е посветено на човековите права.

Од 18 до 20 ноември ќе бидат прикажани три филма и ќе се одржи презентација на книгата на Бојан Бабиќ „Што значи да се биде странец?“ во издание на  Готен. Селектор на КРИК е хрватскиот филозоф и публицист Петар Милат.

По вечерашната проекција на „Аустерлиц“ ќе се одржи разговор со Бојан Бабиќ и Никола Гелевски, а модератор ќе биде Роберт Алаѓозовски. Сергеј Лозница последните две – три години важи за големо авторско име на европскиот филм, а „Аустерлиц“, според многумина критичари, е најважниот филм на годинешниот Венециски филмски фестивал.

Фестивалот за критичка култура го организира Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики, во рамки на проектот Проширено естетско образование.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат