Почнува 9. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Од:

Четириесеттина сликари од Македонија, но и повеќе европски држави од денеска во наредните три недели ќе творат на 9. меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“, што ја организира компанијата ВИА од Вевчани.

Врвни сликарски имиња од земјава, но и од Грција, Бугарија, Словенија, Србија, Полска, Франција, Шведска…, ќе творат на тема „Заедничките вредности помеѓу народите на Балканот како мост за развој на меѓусебното пријателство, почитта и разбирањето“.

Свое обраќање на отворањето ќе има истакнатата француска уметничка со виетнамско потекло, Ми – Ан Хо, по што ќе следува камерен концерт за учесниците и пријателите на колонијата, на регионалната музичка ѕвезда, Жељко Самарџиќ и македонската поп икона, Драган Мијалковски.

Меѓународната колонија „Вевчански видувања“ се одржува од 2010 година во ресторанот „Виа Игнација“, а уметниците имаат можност од повеќе локации да ги преточат убавините на Вевчани на платно.

На оваа реномирана културно-уметничка манфестација досега имаат учествувано над 200 еминентни ликовни уметници од Македонија и светот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска