Почнува 76. издание на филмскиот фестивал во Венеција

Од:

Изборот на филмови на годинашниот 76. филмски фестивал во Венеција ветува сè што го прави овој настан возбудлив – одлични филмови, гламурозни sвезди и контроверзии.

Фестивалот ќе биде отворен денеска со семејната драма „Вистина“ на јапонскиот режисер Хироказу Корида, минатогодишниот добитник на Златна палма во Кан за филмот „Семејни врски“. Филмот со водечка актерска екипа, вклучувајќи ги Кетрин Денев, Жилиет Бинош и Итан Хук, е првиот што го сними Корида надвор од својата земја.

Во Венеција ќе биде прикажан и нов филм на контроверзниот Роман Полански.

За време на одржувањето на фестивалот на црвениот тепих ќе се прошетаат многу ѕвезди како Мерил Стрип, Бред Пит, Џони Деп, Скарлет Јохансон и Роберт Патинсон. Најавено е дека постои можност пред крајот на фестивалот во Венеција да пристигне и Мик Џегер.

Тоа покажува колку Венеција стана важна за Холивуд. Мостра е првата голема сцена за потенцијалните кандидати за Оскар. Во последниве години, многу филмови кои премиерно беа прикажани во Венеција, освоија Оскари во различни категории, вклучувајќи ги „Ромул“, „Ла Ла Ленд“ и „Обликот на водата“.

На Мостра ќе биде прикажан филмот „Џокер“, негативецот од Бетмен, кој го доби својот филм, а во него глумат Хоакин Финикс и Роберт де Ниро. Режисер е Тод Филипс.

„Ад Астра“ ќе биде првиот излет на наградуваниот режисер Џејмс Греј во научна фантастика. Астронаутот во таа вселенска одисеја го игра Бред Пит.

„Чекајќи ги варварите“ со Џони Деп и Роберт Патинсон е заснован на роман на јужноафриканскиот писател Џон Максвел Куци за имиграцијата и расизмот. Сè уште се очекува голема дебата за продукциите кои ќе ги претстават стриминг платформите.

Би можело да ве интересира

Сите зборуваат за изгледот на рацете на Анџелина Џоли: Обожавателите се особено загрижени за нејзиното здравје

Предраг Петровиќ

Венеција почнува да им наплаќа на туристите за влез во градот

Електричен автобус излета од пат во Венеција, 15 повредени

ВИДЕО: Врисоците се претворија во мртва тишина од која се заледува крвта – сведок на несреќата во Венеција

Голема истрага во Италија: Брачен пар од Србија го однесе синот во болница, лекарите не можеа да го спасат

УНЕСКО предупредува: Венеција е во опасност, со години се бори со климатските промени