Почнува 62. Охридско лето

Од:

Шеесет и второто издание на фестивалот Охридско лето ќе биде отворено вечерва на Античкиот театар во 21 часот со четирите светски познати тенори од Италија – Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Марија Палмија и Уго Тарквини. Италијанските уметници ќе настапат под диригентската палка на Лоренцо Бицари, придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија.

Охридско лето за отворено ќе го прогласи претседателот Стево Пендаровски, кој е и покровител на фестивалот, а ќе се обрати и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Честа да ја пренесе уметничката порака годинава ја има композиторот и музички уметник Горан Начевски. По традиција, свеченото отворање ќе биде проследено со интонирање на фестивалската химна, палење на фестивалскиот оган и богат огномет над охридското небо.

На годинешното 62. издание љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма. Од денеска до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни Сарај, предворје на црквата „Света Софија“, како и во самата црква „Света Софија“ и во Центарот за култура, ќе настапат над 1.000 уметници од 25 земји во светот.

Најреномираната манифестација со интернационален предзнак, Охридско лето, која е дел од Европската асоцијација на фестивалите, се гради и надградува под покровителство на претседателот, со финансиска поддршка од Владата и ресорното Министерство за култура и со помош и поддршка од Општина Охрид, генералниот спонзор „Македонски телеком“, како и од многубројни спонзори и помагатели, информира организаторот.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма