Почнува 35. Меѓународна ликовна колонија Св. Јоаким Осоговски

Од:

Од денеска до четиринаесетти септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски ќе се одржи 35. јубијелно издание на Меѓународната ликовна колонија која го носи името на светецот-закрилник на ова древно светилиште, Св. Јоаким Осоговски.

– Оваа Меѓународната ликовна колонија една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид во нашата земја, заедно со Струмичката и Прилепската, а е единствена која работи во сакрален амбиентален простор. На колонијата ќе учествуваат единаесет ликовни творци од земјата и странство и тоа од нашата земја: Данчо Ордев, Стефан Хаџиниколов, Мирјана Крстева Масети, Валентина Илијевска, Лазо Ѓоргиевски, Нела Јанковска и Дејан Иванов -Маргуш. Останатите уметници кои и даваат интернационален карактер на колонијата, иако и оваа, втора година по ред колонијата се одржува во услови на пандемија, се: Светозар Тасиќ од соседна Република Србија,Снежана Мелник од Украина, Георги Андонов и Љубима Брдарова од соседна Република Бугарија, информира координаторот на колонијата, проф.Јордан Михајловски.

Уметниците ќе работат по слободен тематски пристап, принцип со кој од основањето до денс се негува слободата на духот и творештвото.

Создадените дела ќе се презентираат во манастирската галерија, што е во функција на културниот туризам, во Локалната установа Градски Музеј, Крива Паланка и во повеќе градови во земјата.

Меѓународната ликовна колонија е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Општина Крива Паланка и од манастирот Св.Јоаким Осоговски.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска