Со изложба на 300 уметнички дела денеска во основното училиште „Дебрца“ во село Белчишта ќе биде отворена 30-тата јубилејна Интернационална ликовна колонија „Дебрца“.
На отворањето ќе се читаат стихови поезија и ќе се промовира монографија за колонијата. Промотор ќе биде професорот Митко Спасески.
Најавено е присуство на уметници од земјава и сранство, меѓу кои од Македонија, Србија, Германија….
Изложбата е под покровителство на општина Дебарца, а за јавноста ќе биде отворена во наредните 10 дена. Дела од колекцијата на ликовната колонија ќе бидат прикажани и на првиот Фолк фест „Црешнобер 2014“ што викендов ќе се одржува во селото Требеништа.
Ликовната колонија „Дебрца“ се одржува од 1985 година. Досега се изработени над 600 уметнички дела и организирани 115 изложби низ Македонија.