Почнува 23. Интернационален фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Од:

Со претставата „Каинова лузна“ на театарот од Шабац, Србија, вечер во Струмица ќе почне 23-тиот Интернационален фестивал на камерен театар (ИФКТ) „Ристо Шишков“.

Директорот на Фестивалот Ванчо Патриков соопшти дека годинава за Медалјонот со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра ќе се натпреваруваат околу педесетина актери во 12 претстави.

– Фестивалот на актерот годинава ќе трае пет дена во кои љубителите на театарската уметност ќе проследат 12 претстави на театри од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Русија и  Ерменија, а во чест на наградениот актер во сабота ќе ја проследиме претставата „Кирил и Методиј-Кој си ти !?“ во изведба на актерите од НТ „Војдан Чернодримски” од Прилеп, рече Патриков.

Годинашното 23-то издание на ИФКТ „Ристо Шишков“ финансиски е поддржано од НЕТА (Нова европска театарска асоцијација), Советот на Европа за култура и Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ

Врачено признанието лауреат на актерот Ристановски и промовирана монографијата 15 години МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

Осуденик излегувал од затвор за да краде и ограбува

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ