Во организација на Центарот за култура од Битола од денеска до 28 април ќе се одржи 17-тиот интернационален Фестивал на монодрама.
Учество ќе земат 13 претстави, од кои 10 во официјална конкуренција и три вон конкуренција. Претставите доаѓаат од 7 држави меѓу кои Романија, Израел.
Ќе учествуваат и три македонски пре тстави, меѓу кои премиерно ќе биде изведена „Делириум Тременс“на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп во изведба на Игор Трпчески.
– Ова е единствениот фестивал во нашата држава кој ја промовира монодрамата како форма и еден од најстарите на Балканот. Досега се претставиле над 50 држави од целиот свет со квалитетни остварувања, од над 200 претстави, вели директор на Центар за култура Битола, Борче Димитровски.
Учесниците ќе се борат за престижната награда Гран При која ќе ја додели меѓународно жири, чиј претседател е Јуриј Назаров од Русија. Селектор на фестивалот е битолскиот актер Петар Мирчевски.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Животот на Молиер“ во режија на Александар Поповски, а во изведба на МНТ Скопје.
Фестивалот на монодрама Битола е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.