Почнаа археолошките истражувања на локалитетот Црквиште

Од:

Археолозите од НУ Музеј Куманово почнаа со археолошкото ископување на локалитетот Црквиште, во село Клечовце. Ископувањата се концентрирани околу просторот на базиликалната градба-црква, која претходно била истражувана изминативе години.

– Се работи на просторот северно и јужно од ѕидовите од црквата, со цел попрецизно да се определат фазите на градењето на објектот и околните анекси, како и односот на црквата со откриената римска бања во непосредна близина. Откриени се остатоци од нов анекс кој комуницирал со нартексот од јужната страна, како и повеќе фази на преправки и преградувања на големите простории, кои сведочат за опаднатата економска моќ на населението и користење на црковните простории за секојдневни потреби, изјави раководителот на проектот и археолог од кумановскиот музеј, Дејан Ѓорѓиевски.

Фазите на градење на црквата покажуваат дека таа била во употреба од петиот век, појаснува Ѓорѓиевски и во определен момент била користена истовремено со бањата, додека пак, наодите покажуваат дека била употребувана до крајот на 11-тиот век.

Локалитетот Црквиште, како што информираат надлежните, нуди можност да се открие развојот на една римска населба во христијанска и да се објасни континуитетот што тој го имал во својот развој се до 11 век.

Црквиште е лоциран во близина на магистралниот пат кој води кон Бугарија на мошне пристапен терен, така што неговото целосно откивање ќе овозможи привлекување на домашни и странски туристи. Сегашното ископување ќе трае наредните две недели, а резулатите ќе бидат презентирани на престојните симпозиуми.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска