Почна санацијата на ѕидовите на црквата „Свети Димитрија“ во Горна Горица

Од:

Продолжуваат активностите за заштита на црквата „Свети Димитрија“ во село Горна Горица, една од најпознатите цркви во Мала Преспа.

– Со Божја помош и помош на сите верници од Горна Горица, продолжуваме со активностите, овој пат со реконструкција  на западниот ѕид на црквата. Бидејќи постоеше опасност од целосно оштетување на ѕидот почнавме со  реконструкција и втемелување со бетон и заштита на темелите на оваа црква за секогаш, изјави за МИА,  отец Алекс Темелко.

Тој додава дека за овој зафат се бара голем труд и напор и финансиски средства за да се реализира успешно до крај .

– Имајќи предвид дека финансиските средства на нашата црква се минимални ги повикуваме сите верници од Горна Горица и Мала Преспа и пошироко да помогнат со финансиски средства колку што можат за да се заврши започната работа, за која се потребни вкупно 1.500 евра. Секој што дарува себе си дарува. Од напред ви благодарам за поддршката. Господ сите да не Благослови, наведува отецот.

Минатата година во пресрет на празникот Христово воскресение, Велигден, благодарение на Деан Нестор, иселеник од ова село, црквата доби нови сводови на тремот во црквата.

– Изградбата на овие прекрасни сводови се реализира со помош на донација од 1000 евра, подарени од Деан Нестор со потекло од село Горна Горица. Господ да го благослови него и неговото најмило семејство. Се надеваме дека овој негов пример ќе го следат и други наши македонски иселеници од село Горна Горица, изјави отец Темелко.

Црквата „Св. Димитрија” во село Горна Горица изградена е во втората половина на XIX век. 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски