Во Кавадарци синоќа беше отворена ликовната колонија „Михајлово Кавадарци 2015” во рамки на вториот културен бран во градот, организиран од Министерството за култура и кавадаречката локална самоуправа.
– Како што е познато, колонијата секогаш започнува со самостојна изложба на некој од уметниците учесници на колонијата. Сево ова е со цел подобрување на културното живеење на жителите во општина Кавадарци, рече Владимир Темков, директор на Домот на културата „Иван Мазов Климе“.
Годинава, честа да одржи изложба му припадна на уметникот Драган Најденовски од Битола.
Љубителите на уметноста беа дел и од промоцијата на книгата „Етичари“ од пензионираниот универзитетски професор Владимир Темков. Во хотелот „Уни Палас 2“ се одржа џез концерт „Modern Jazz Quartet K“.
Пред присутните се обратија и градоначалникот Александар Панов и професорот Темков.