Почна ликовната колонија „Куманово 2020“ со нов начин на работа

Од:

Почна ликовната колонија „Куманово 2020“ со нов начин на работа на учесниците-уметници, најавија денеска надлежните од НУ Музеј на Куманово. Децениската колонија, која годинава се одржува по 46-ти пат, наместо како досега во комплексот Пелинце, се одржува во домашни услови.

– Оваа година поради сè уште актуелната пандемија со коронавирусот уметниците ќе работат во поинакви услови од вообичаениот престој во Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце. Новиот модус на работа, наметнат од здравствено-безбедносни причини, подразбира работа во домашни услови. За разлика од претходните години, авторите своите дела ќе ги работат во домашните ателјеа, при што во текот на работниот процес треба да изготват и краток видеоматеријал. На тој начин, процесот на ликовно изразувањ, (работата на уметникот) и создавање на делото, ќе биде придружен и со кратки видеокадри кои подоцна ќе бидат составен дел од изложбата и ќе понудат поинаков и посовремен начин на перцепција на готовите дела, изјави Драгана Спасковска, виш кустос, историчар на уметност од Кумановскиот музеј.

Делата треба да бидат завршени до првата недела во септември, по што ќе следува нивна презентација, изложба, која ќе биде организирана на отворен простор, во лапидариумот на НУ Музеј-Куманово по сите протоколи за безбедност на посетителите.

Годинава на колонијата учествуваат само домашни академски ликовни уметници: Ангелина Поповска, Никола Пијанманов, Страхил Петровски, Стефан Анчевски, Дејан Божиновски, Симона Јакимовска, Наташа Серафимовска, Лилјана Кененовска Пауновска, Александар Џингои и Сања Јездиќ.

Препознатлива по својата долгогодишна активност, Колонијата е во организација и координација на НУ Музеј Куманово и градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а финансиски е поддржана од Општината и Министерството за култура. Таа бележи континуирана активност од 1974 година, со што се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во државата.

Интернационална по својот карактер, колонијата речиси пет децении се одржува на различни локации, започнувајќи од манастирот „Прохор Пчињски“, манастирот во Матејче, а во последниве години во Пелинце. Досега на колонијата учествувале околу 500 уметници од светот кои оставиле преку 1500 дела.

Би можело да ве интересира

Во Тетово работилници за стекнување основи за ликовно сликање, фотографирање и филм

Ана Ололовска

Светски познати теоретичари и експерти на уметноста ќе одржат онлајн предавања во МСУ

Ана Ололовска

Претсижни светски награди за уметникот Кашавелски од Куманово за делото „Судбоносно време“

Ана Ололовска

Перформанс на живи скулптури во Гевгелија по повод Светската недела на детето

Ана Ололовска

Фестивал на урбана култура – МУРАЛ

Ана Ололовска

Отворање на уметничките колонии во Слоештица и во Цапари

Ана Ололовска