Почна конзервацијата на фрескоживописот на црквата „Св. Спас“ во штипско Ново Село

Од:

Стручните екипи од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип ги почнаа активностите за конзервација на фрескоживописот во црквата Вознесение Христово, „Св. Спас“ во штипско Ново Село, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Како што соопшти денеска Министерството за култура, по извршените сеопфатни анализи на овој значаен сакрален споменик на културата, конзервацијата, која ќе се одвива во неколку фази, ќе го опфати живописот кој датира од периодот на градењето на црквата во 1388 година и врз кој подоцна,  во 1601 година, е насликан нов фрескоживопис од зографот Јован.

Ќе се изврши консолидација на оштетените делови, како и отстранување на причинителите на сегашните и на идните оштетувања на обоениот слој на ѕидното сликарство.

Во изминатиот период, поради присутната влага на ѕидното сликарство на оваа значајна црква, констатирани се сериозни оштетувања, кои треба да се надминат со изведбата на предвидените конзерваторско-реставраторски работи.

Црквата Вознесение Христово, „Св. Спас“ е изградена од страна на војводата Димитрие како еднокорабна базилика со впечатливо обликувана надворешност.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски