Во Гевгелија денеска почна традиционалната ликовна колонија „Аполонија 2013“ која годинава 12-ти пат се одржува во организација на фондацијата Аполонија и под покровителство на општината.
Директорот на фондацијата Аце Ристовски информира дека во работата на колонијата учествуваат осум ликовни уметници меѓу кои Васко Ташковски од Скопје, Ниче Василев од Струмица, Марија Лешкова од Скопје, Владо Темков од Кавадарци, Андријана Манчева и Дамјан Ѓуров од Гевгелија, Христина Георгиева од Бугарија и уметничкиот фотограф Рајко Каришиќ од Србија.
Наредните десет дена уметниците ќе изработат дваесетина дела во разни сликарски техники со мотиви од градот Гевгелија и неговото блиско опкружување.
По завршувањето на колонијата, соопшти Ристовски, изработените слики ќе бидат презентирани за јавноста на изложба по што ќе станат дел од фондот на гевгелиската ликовна колонија.