Почна 9. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Од:

Заедничките вредности помеѓу народите на Балканот како мост за развој на меѓусебното пријателство, почитта и разбирањето, е тема на годинашната ликовна колонија Вевчански видувања што во наредните три недели ќе се одржува во Вевчани во организација на компанијата ВИА.

Колонијата, на која учествуваат околу 40 уметници од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Србија, Полска, Франција, Шведска…, свечено беше отворена синоќа во ресторанот „ВИА Игнација“, место каде учесниците ќе имаат можност да ги преточат на платно своите дела инспирирани од вевчанската архитектура и природа.

Ефимија Угриноска, организациски секретар на Колонијата изрази задоволство што, како што рече, девет години успеваат да придонесат за културниот развој на овој крај од Македонија. Со колонијата, посочи, сакаат да испратат порака да нема граници меѓу народите, како што нема меѓу уметниците.

– Како што нема граници меѓу уметниците, нивните дела, инспирацијата и она што го црпат од Вевчани и народите во светот треба да гледаат во тој правец и да нема граници меѓу нив. Сметам дека колонијата ќе продолжи како традиција, а за во иднина планираме и саем на уметност кој ќе се одржува во Вевчани, истакна Угриноска.

Уметниците, како што информира, црпат инспирации од вевчанската природа и архитектура, која имаат можност да ја видат при традиционалните прошетки низ населбата. Доколку нешто ги инспирира земаат материјали и одат на соодветната локација да сликаат.

Јури Самец уметник од Љубљана, очекува дека ќе изработи добри дела, а инспирација добивал од околината.

– Повеќе работам апстракција, а ме инспирира се околу мене. Природата е супер и сигурно нешто добро ќе се изработи. Секогаш се во прашање чуствата, но тоа е во мене, а не поради колонијата, рече Самец.

На отворањето присутните ги забавуваа балканската музичка ѕвезда, Жељко Самарџиќ и македонската поп икона, Драган Мијалковски.

Меѓународната колонија „Вевчански видувања“ се одржува од 2010 година во ресторанот „Виа Игнација“, а уметниците имаат можност од повеќе локации да ги преточат убавините на Вевчани на платно. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација досега имаат учествувано над 200 еминентни ликовни уметници од Македонија и светот, а делата се прикажани на повеќе изложби во земјава и странство.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска