Почна 12. Интернационален фестивал „Стоби 2013“

Од:

Со премиерата на претставата „Лисистрата“ во режија на Кемал Кочатурк и изведба на Градскиот театар од Истанбул синоќа почна 12. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Велес, Александар Колев, кој изрази задоволство што по дванаесетти пат во Стоби може да се почуствува моментот на спојување на антиката и сегашноста.

– Со фестивалот на античка драма, ова место стана повеќе од молчалив споменик на славното уметничко минато. Малиот број на антички драми оставени во наследство на човештвото и ретките грандиозни споменици на културата каков што е Стоби, се уште поголем поттик да се зачува културното наследство, истакна Колев.

Извршниот директор на фестивалот Зоран Љутков најави малку, но, како што рече, најдобри претстави на античка драма.

Фестивалот продолжува утревечер  кога на сцената во Стоби ќе биде одиграна претставата „Жени во народното собрание“ од Аристофан, во изведба на Народниот театар од Суботица.

Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2013“ ќе трае до 20 јули со доделување на наградите за најдобра женска и машка улога, најдобра режија и најдобра претстава. Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и општина Велес.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот е вечна промена

Културен перформанс „Простор за разговор“ во Битола

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје