Почина тромбонистот и професор Ѓорѓи Стефановски

Од:

По кусо боледување, вчера на 79-годишна возраст почина Ѓорѓи Стефановски, еминентен професор во пензија на Факултетот за музичка уметност во Скопје и поранешен тромбонист во Филхармонијата.

Ѓорѓи (Јорго) Стефановски е роден во Битола во 1940 година. Музичка академија завршува во Љубљана каде живее и работи осум години. По враќањето во нашата држава е долгогодишен тромбонист во Филхармонијата и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Бил член на познатиот квартет „Рибарски“.

Стефановски важи за исклучителен педагог кој вложил во музичкото образование на многу генерации музичари-тромбонисти, кои и денес се столбот на сите професионални ансамбли во земјава. Несебично помогнал во развивањето и негувањето на музичката култура во земјава и ужива висока почит кај студентите, колегите и пријателите во земјата и странство.

Погребот на Стефановски ќе се одржи денеска во 14:30 часот на Градските гробишта Бутел, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела во 13:30 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски