Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Од:

Почина Славка Арсова – поетеса и авторка за деца, родена на 3 јули 1934 година во Скопје, информираат попладнево од Друштвото на писателите на Македонија.

Арсова, која починала во текот на вчерашниот ден, била членка на Друштвото од 1993 година.

– Арсова е авторка на петнаесетина збирки поезија, но, попозната е по своето творештво за деца – „Бисерчиња од детски глави“, Академски печат, 2017 година и како основачка и организаторка на детскиот книжевен фестивал „Ракатки“, додаваат од Друштвото.

Нејзиниот погреб ќе се одржи в сабота на градските гробишта во Бутел во 12 часот.

Би можело да ве интересира

Почина Филип Аврамчев

Почина легендата на прилепска Победа Николче Здравески

Катерина Ѓуровски

Почина проф. д-р Миле Димитровски

Катерина Ѓуровски

Почина Стојанче Стефанов, 62 жртва од трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Фудбалерот Гелар Гонзалес почина по судар со голман

Почина славниот актер Вал Килмер

Горан Наумовски