Почина писателот и професор Драги Михајловски, по долго и тешко боледување, информираат од Друштвото на писатели на Македонија.
Тој преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир, за што некои оправдано го нарекува Македонски Шекспир, соопшти Друштвото на писатели на Македонија.
Од 1976 година работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од каде и се пензионира, како редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето.
Проф. д-р Драги Михајловски е дoбитник на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание, наградите „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата “Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018).
Михајловски е роден во Битола на 16.10.1951 година. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1992 година.