Почина оперската солистка Фанка Икономова

Од:

Во 95-тата година од животот денеска почина оперската солистка Фанка Икономова, уметник од првата генерација и еден од основоположниците на Македонската опера и балет.

– Трајно ќе остане во сеќавање по нејзиниот прекрасен сопран. Во својата долгогодишна кариера Фанка Икономова одигра многу ролји. За неа не беше важно дали е тоа главна, епизодна или споредна улога, таа со ист жар и ентузијазам, на сите им пристапуваше подеднакво. Ќе остане запаметена и како коректен соработник и колега. Колегите од Македонската опера и балет остануваат трајно благодарни за љубовта и ентузијазмот што ја красеше таа прва генерација оперски уметници, соопшти МОБ.

Во списокот на одиграни улоги на Фанка Икономова (1920-2015) се:

Адела („Лилјакот“), Анжелика, Бјонда („Грабнување од сарајот“), Втора вештица („Дидона и Енеј“), Глас во обредот („Дон Карлос“), Госпоѓа Гобино („Медиум“), Деспина („Така прават сите“), Ѓула („Еро од оној свет“), Евридика („Орфеј и Евридика“), Елена („Никола Шубиќ Зрински“), Елизета („Таен брак“), Есмералда („Продадена невеста“), Луиза („Свршувачка во манастир“), Магда („Пајажина“), Марселина („Фиделио“), Мизета („Боеми“), Микаела („Кармен“), Мис Ивлин („Мала Флорами“), Мица („Аналфабет“), Неда („Палјачи“), Памина и Папагена („Волшебната флејта“), Фраскита („Кармен“), Цвеќарка („Фауст“), Џанета („Љубовен напиток“), Џулиет („Овчарчето Сејм“), Џулиета („Хофманови приказни“) и други.

Погребот на Фанка Икономова ќе биде извршен утре.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ