Почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, по долго боледување од рак на белите дробови.
Ќе остане запаметен по неговите антологиски песни што ги напиша за Маријана и Росана, „А од љубов не се бега“, „Ако не исчезнам“, „Признавам“ и многу други.
Веста за неговата смрт ја објави етнологот и музички новинар Бранка Костиќ-Марковиќ.
„Драг мој професоре, нека ви е светол патот. Срцево ме боли што ви беше мачен крајот и се надевам дека отидовте во свет без болка. Ви благодарам за уката што ни ја дававте со таква питомост и љубов да ја паметиме цел живот. Секогаш ќе ме потсетувате на најубава хармонска прогресија. Почивајте во мир“, напишаа таа на „Фејсбук“.
Тој лани во интервју за „Свет Австралиjа“ искрено раскажа за најтешките моменти во својот живот, за грешката што ја направил кога заминаа од Македонија за да живеат во Австралија, за разводот со Маријана и за неговата борба со ракот, која ја води веќе две години.
„Иако мојот рак на белите дробови нема никаква врска со Ковид-19, почетокот на проблемот пред две години и развојот на болеста беа речиси исти. Од една страшна инфекција, што ја добив заедно со грипот и по недобро направена дијагноза, болеста метастазира и ме потресе и физички и психички“, откри тогаш Тоде за „Свет Австралиjа“.