Почина истакнатиот македонски сликар Милош Коџоман

Од:

По кратко боледување вечерва почина истакнатиот македонско сликар Милош Коџоман.

Милош Коџоман е роден 1952 година во Скопје. Дипломирал 1974 година на Педагошката академија “Св. Климент Охридски” во Скопје.
Коџоман II уште на самото појавување на македонската ликовна сцена привлекува особено внимание и реакции, презентирајќи го својот тематски и технички израз – ангажман кој не дозволувал да биде “скротен” од духот на времето.

Прв на овие простори, на почетокот на 70-тите години, заедно со колегата Драгољуб Бежан организирал перформанси и инсталации. Користел разновидни медиуми и техники, комбинирал настојувања кои речиси биле противречни едни на други. Дизајнирал кукли, работел со јаглен, пастел, масло итн. За неговата уметничка дејност и согледувања снимени се три филма: “Повик” ,“Долап” и “Бои на времето”.

Самостојно излага за прв пат 1973-74 година на тема „Дрога“ предизвикувајќи кај публиката поделени мислења и скандал. Ќе се формира од крајот на 60-те години во клима на поп и андерграунд случувања. Во 1978 година излага во комплексот на црквата „Свети Климент“ во Охрид заедно со колегите: Слободан Живковски, Драгољуб Бежан, Ангел Паневски – Моро и Симон Узуновски.

Има реализирано 20-тина самостојни изложби низ Македонија и во многу светски центри како што се Виена, Париз, Њујорк и тн. Учесник е на повеќе групни изложби од кои дел се организирани од Друштвото на ликовни уметници на Македонија во кое членува од 1973 година.

Милош Коџоман II во 2008 година ја добил престижната државна награда “23 Октомври”, највисоко признание за долгогодишни остварувања за Р.Македонија во областа на културата и уметноста. Делата на уметникот се дел од значајни колекции во Македонија и странство.
Ликовниот израз, ангажираноста и ставот кој го изразува Коџоман е непоколеблив, автентичен и како такво неговото творештво остава длабок печат во македонската современа уметност.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ