Почина доајенот на македонската забавна музика Димитар Масевски

Од:

Синоќа во Скопје, на 78 годишна возраст почина познатиот македонски композитор и музички продуцент Димитар Масевски.

Масевски е еден од основоположниците на македонската забавна музика, а има продуцирано околу 2000 композиции. Автор е на композицијата „Последна солза“ која ја пеела Блага Видец и која се смета за прва забавна песна испеана на македонски јазик.

Тој е автор и на првата детска песна на македонски јазик „Рингшпил“. Компонирал и музика за тв-серии, театарски претстави, новосоздадена фолклорна музика. Еден е од организаторите на обновениот „Скопски фестивал“, кој во 2014 година му додели награда за животно дело.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ