Почина балерината Маја Плисецкаја

Од:

Светски познатата балерина Маја Плисецкаја почина вчера во Германија од инфаркт на 89-годишна возраст, изјави генералниот директор на московскиот Бољшој театар, Владимир Урин.

– Ме извести нејзиниот сопруг Родион Шчедрин. Починала од тежок срцев удар. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но не успеале да ја спасат, истакна Урин.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко и искрено сочувство до семејството, пријателите и обожавателите на балерината, соопшти Кремљ.

Плисецкаја е родена на 20 ноември 1925 година и таа е една од двете балерини на Советскиот Сојуз која ја добила титулата „Prima ballerina assoluta“.

Таа првпат влегла во Бољшој театар во 1943 година, каде веднаш се покажала како една од најдобрите балерини на својата генерација. Танцувала околу 50 години во овој театар, многу подолго од предвидената возраст, на која обично се пензионираат руските балерини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати откако автобус удри во постојка во Анкара

Емир Латифовиќ

Почит и незаборав за прилепските бранители!

Емир Латифовиќ

Професорите му одговорија на ректорот: Престанете да манипулрате со нас

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поројни дождови во Дебарско, одрони и прекинат локален сообраќај

Емир Латифовиќ