По повод 8 Март, отворена изложба „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол

Од:

На Меѓународниот ден на жената, евроамбасадорот Дејвид Гир, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и Моника Сандри, вршител на должноста постојан координатор на ОН, ја отворија изложбата „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол во Скопје.

– Изложбата е составена од 12 приказни за извонредни жени кои ги кршат бариерите и стереотипите и докажуваат дека полот не е пречка, туку можност. „Иднина е женски род“ е за 12 извонредни жени од различни сфери на животот: 1. Кристина Атовска, воен известувач; 2. Фатма Бајрам Аземовска, активист за правата на Ромите; 3. Бисера Чадловска, диригент; 4. Стефанија Димеска, пилот; 5. Снежана Караџовска, Тркач со попреченост; 6. Магдалена Јанчова, пчелар; 7. Дороти Пачкова, Активист за правата на самохрани родители; 8. Марта Пејоска, филигранист; 9. Елизабета Петковска, занаетчика со попреченост; 10. Ива Пројковска, фудбалски судија; 11. Макфире Шаќири, возач на автобус и 12. Ленче Здравкин, филантроп, информираат организаторите на настанот.

Амбасадорот Гир и Микела Матуела, вршител на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, на протагонистите на изложбата им поделија романи од четири македонски авторки.

Изложбата „Иднина е женски род“ е поставена по повод Меѓународниот ден на жената од страна на Делегацијата на Европската Унија и Јуроп Хаус Скопје, во партнерство со ОН. Дизајните ги изработи Зоран Кардула.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите на Ист Гејт Мол од 8 март до 8 април 2023 година.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска